Чави им испрати порака на навивачите на Барселона: Немам зборови со кои би можел да ги опишам емоциите

1 min read

Легендарниот Шпанец по шест години се врати во својата Барселона и тоа како тренер.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата не само на клубот туку и во фудбалот воопшто, доаѓа на местото на Роналд Куман кој минатиот месец доби отказ, и веднаш им испрати порака на навивачите на каталонскиот тим.

„Драги навивачи, се враќам дома. Се враќам на местото на кое израснав, се враќам во клубот на својот живот. Немам зборови со кои би ги опишал емоциите кои би чувствувам што повторно ќе го бранам овој грб кој ми е врежан во срцето, повторно да ја почувствувам вибрацијата на „Камп Ноу“ и повторно да го слушнам навивањето на прекрасните навивачи. Знам дека доаѓам во тежок момент, но со тој предизвик се соочувам со најголем ентузијазам. Ќе работиме и ќе се бориме заедно со сите вас да дојдеме до место кое го заслужуваме. И благодарам на Барселона на довербата како и на сите навивачи кои веруваа дека треба да ја преземам оваа улога. Приказната продолжува…“, напиша Чави на својот профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xavi Hernández (@xavi)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таравари: Прво да ги расчистиме институциите, па потоа да организираме фер избори

Следно

Кој е Тревис Скот, раперот на чијшто концерт се случи стампедо?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian