Алијанса: Се обединија партиите кои не беа дел од злото

2 mins read

Алијанса за Албанците, по вчерашното формирање на новото собраниско мнозинство, соопшти дека „политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе.“

Еве го во целост соопштението на АА:

„Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад. Новото мнозинство е најдобриот одговор на повиците на претседателот Бајден, ЕУ и други меѓународни пријатели за борба против криминалот и корупцијата. Дојде крајот на владата со функционери кои се на црната листа на САД.

Денес режимот падна и сега почнува вистинската слобода на граѓаните воопшто и на Албанците особено. Граѓаните веќе нема да се плашаат од партизираната полиција и криминализираниот систем на ДУИ. Нема да има повеќе директори кои им се закануваат на вработените и инспектори кои ограбуваат бизниси. Нема да има повеќе бизнис изнуда од корумпирани функционери како Катица Јанева со Боки13, нема да има повеќе злоупотреби на јавните средства како што правеше Рашковски, а уште помалку со европските средства како што направи функционерот на ДУИ Јахиу. Нашата земја повеќе нема да биде црна дупка во Шенгенскиот систем на ЕУ, каде што доаѓаат дилерите на дрога од целиот свет и купуваат пасоши за да избегаат од Интерпол.

На крајот ќе имаме слободни, фер и демократски избори, право кое на Албанците им е ускратено повеќе од две децении.

Граѓаните од денеска треба да живеат во мир, додека оние кои треба да бидат загрижени се корумпираните функционери, политизираните судии, криминализираните политичари и сите оние кои им го отежнаа животот на граѓаните“, соопшти Алијанса за Албанците“, се вели во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

3 знаци од Зодијакот ги чека голема среќа во ноември: Искористете ги предностите на ѕвездите

Следно

Се подготвува бура во Манчестер, во игра за наследник на Солскјер е и поранешен тренер на Сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian