Захариевски: Не играме толку лошо, создаваме шанси, но немаме реализација

3 mins read

В сабота (13.00 часот) ќе продолжат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од 13 коло, се очекува доста интересно да биде и на Градскиот стадион Под Тумбе Кафе во Битола каде што силите ќе ги одмерат Пелистер и Струга Трим Лум.

И двете екипи бараат победа за враќање на самодовербата, особено последнопласираниот Пелистер кој останува единствениот во шампионатот без триумф, а од друга страна играчите предводени од тренерот Срѓан Захариевски последен пат славеа пред скоро два месеци, односно на 12 септември дома против Скопје.

Оттогаш во првенството стружани претрпеа два порази, а четирипати ремизираа, на последната средба одиграа без голови со Академија Пандев. Може да се пофалат со податокот што моментно се втора екипа со најмалку примени голови (девет, гол разлика 11:9) во Првата лига, подобар е само Шкупи (седум, 26:7).

– И на ова мини криза што ја имаме од неколку натпревари без победа, секогаш го даваме максимумот и сега сакаме да дојдеме до таа победа која што ќе ни помогне во понатамошниот тек. Не играме толку лошо, создаваме шанси, но немаме некоја реализација, не можеме да се пофалиме со некоја реализација и така и на овој натпревар против Пелистер одиме на триумф. Се надевам дека ќе проработиме и ќе се вратиме со три бода – ни изјави Захариевски.

Тренерот на ФК Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски/Фото: facebook.com/Fcstruga

Стратегот на Струга Трим Лум очекува еден многу тежок меч, бидејќи и Пелистер е во слична позиција.

– И Пелистер е доста натпревари без победа, мислам дека онаа екипа која ќе направи помалку грешки ќе слави на овој натпревар. Здравствениот билтен е добар, немаме повредени играчи, ни казнети, со сите сили одиме во Битола – рече Захариевски.

Струга Трим Лум во вторникот со жрепка за ривал во четвртфиналето од Купот на Македонија ја доби Шкендија. Куп мечот ќе се игра на 24 ноември.

– Мислам дека Шкендија заедно со Шкупи како во првенството, така и во Купот се едни од фаворитите за трофејот. Го добивме еден од потешките противници, но кога тогаш во Купот ќе мораш да играш и со таков ривал во фаза каква што е четвртфиналната. Против Шкендија сезонава одигравме 1:1, тогаш направивме неколку шанси и беше добар натпревар. Притисокот ќе биде на нивна страна, ќе играат на домашен терен. Гледам голема шанса во Купот да ја елиминираме Шкендија, но пред тоа имаме два натпревари (против Пелистер и Работнички) во обид да им се вратиме на победите – вели Захариевски.

Прва МФЛ
13. коло, двојки –

13.00 часот (сабота)
Пелистер – Струга Трим Лум
Македонија ЃП – Шкупи
Брегалница – Скопје
Ренова – Шкендија
Работнички – Академија Пандев

Табела: Шкупи 29 бодови, Ренова 22, Академија Пандев 22, Брегалница Штип 19, Шкендија 18, Работнички 18, Струга Трим Лум 16, Скопје 16, Македонија ЃП 14, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шест нови пратеници седнуваат во Собранието

Следно

Дневен хороскоп за 5 ноември: Не дозволувајте другите да ве вознемируваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian