Во Стразбур има 300 тужби против С. Македонија за дискриминација, открива првиот човек на судот

1 min read

Бугарија е обврзана да ги спроведува пресудите на Судот во Стразбур за македонското малцинство, порача денеска на прес-конференција во Скопје, претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано.

Според него, општото начело е сосема јасно – секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. „Во голем број пресуди судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на судот во духот на Конвенцијата“, вели Спано во врска со неспроведувањето на 16 пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство.

Тој додаде дека Судот, сепак, нема механизми со кои може да ги санкционира земјите кои не ги почитуваат пресудите.

Габриел Ескобар, заменик помошник на Државниот секретар на САД, неодамна информираше дека американската амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура овие проблеми да бидат решени.

На заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за правда Бојан Маричиќ, Спано додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на министерскиот совет е да го следи процесот.

Како што информираше Спано, во Европскиот суд за човекови права има околу 300 тужби од Северна Македонија за дискриминација. На новинарско прашање во врска со поднесената тужба до ЕСЧП која се однесува на нечовечно постапување со обвинетиот бизнисмен Јордан Камчев, Спано вели дека не е во позиција да дискутира за случајот, бидејќи постапката е во тек.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Португалија одобри евтаназија

Следно

Ѓоковиќ за финале против Хуркач на турнирот во Париз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian