Во Хрватска е регистриран првиот случај на сојот делта плус

2 mins read

Во Хрватска е регистриран првиот случај на коронавирус делта плус, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје Првиот случај на делта плус соја бил регистриран во градот Чаковец.

„Знаевме дека е пред вратата. Искуството со делта и алфа сојот ќе покаже колку е опасно. Засега се знае дека е нешто позаразно од делта соевите“, истакнаа одм хрватскиот завод за јавно здравје
Делта Плус сојот беше класифициран од индиското Министерство за здравство како „варијанта на вирус кој предизвикува загриженост“.

Оваа ознака покажува дека се чини дека е позаразна, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош најави дека Републичкиот штаб денеска ќе донесе нов пакет мерки за сузбивање на ширењето на корона вирусот, меѓу кои ќе биде и пошироката употреба на потврдите за ковид, а нема да има нови затворања.

Сертификатите за Ковид во моментов се потребни само во здравствената и социјалната заштита.

Повикувајќи се на своите сознанија, порталот „Индекс“ наведува дека ќе се воведат сертификати за ковид во сите државни и јавни служби, за вработените и корисниците на нивните услуги.

Тоа значи дека секој кој работи во некои државни или локални институции ќе треба да има потврда за доаѓање на работа, но и граѓаните кои доаѓаат во јавните институции да бидат имунизирани.

Во четвртокот во Хрватска имаше 6.310 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на епидемијата. Речиси секој втор тестиран бил позитивен на вирусот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Делије“ гаѓаа кон судиите, го погодија кондициониот тренер на Црвена звезда

Следно

Шокантно сведоштво: Натали Вуд била сексуално злоставувана од Кирк Даглас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian