ВИДЕО: Силно невреме во БиХ предизвика голема материјална штета

1 min read

Обилните врнежи од дожд кои го зафатија подрачјето на општина Јабланица предизвикаа голема материјална штета на станбени и деловни објекти, како и на патна инфраструктура на целото подрачје на општината, се вели во информацијата на ЦЖ Јабланица до Оперативниот центар ЦЗ ХНК.

„Според информациите што ни ги доставија, новоформираните одрони на магистралниот пат М17.5, Јабланица – Рисовац Пошушје се расчистуваа од раните утрински часови, поради што патот беше непрооден до попладневните часови. На споменатиот патен правец е воспоставен сообраќај, но на возачите и натаму им се препорачува да бидат внимателни, поради можни нови одрони“ – изјави за Дневни аваз Перо Павловиќ, портпарол на Владата на ХНК и Централната управа на ХНК.

Исто така, Павловиќ потврди дека се пуштени неколку нови одрони на локалниот пат за Цивељ, како и на други локални патишта.

„Во текот на денот неколку објекти беа загрозени од порои. За заштита на станбените и другите објекти, ангажирана е сета расположлива механизација. Поради силните налети на ветер, причинета е поголема материјална штета на пластеници, како и покриви на станбени и деловни објекти“ вели тој.

Одржана е седница на Општинскиот штаб за цивилна заштита, при што е донесен заклучок дека состојбата на терен континуирано се следи и се преземаат соодветни мерки за спас на луѓе и материјални добра до стабилизирање на состојбата на терен – рече Павловиќ.

Најтешка е состојбата на патниот правец Јабланица – Блидиње каде на коловозот падна огромен одрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Димитров: Блокадата не е само кон нас туку и кон ЕУ, затоа регионот треба да се погрижи за себе

Следно

Стоматолог Илија Караманов: Циркуларниот кариес на горните запчиња е резултат на пиењето млеко за време на спиење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian