ВИДЕО | Младите во Глазгов на протест: „Нема планета Б“

1 min read

Во главниот град на Шкотска се најавени дводневни настани за да се нагласи итноста за справување со проблемите поврзани со климата и разорните ефекти врз планетата поради зголемувањето на температурите поради емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот.

На крајот на првата недела од Светската конференција за климата (COP26), илјадници млади луѓе излегоа на улиците на Глазгов обвинувајќи ги суперсилите дека не преземаат ништо за климатските промени.

„Се надевам дека овој ден ќе ги промени работите. Се надевам дека ќе засадиме повеќе дрвја и ќе имаме повеќе животни. Мислам дека секој човек може да даде одреден придонес“, рече 9-годишната Зара.

Младите Шкоти денеска го пропуштија училиштето за да штрајкуваат поради климата, а им се придружија и млади од други земји.

Жителите им дадоа поддршка од прозорците и низ градските улици со транспаренти на кои пишувало „Нема планета Б“ и „Ако не сега, тогаш кога“.

Шеснаесетгодишната Бет Доналдсон дошла на протестот со пријателите за да ги навреди светските лидери затоа што постојано велат дека ќе дејствуваат, но никогаш не се знае какви активности ќе преземат.

„Не се работи за нивната иднина, туку за нашата“, рече Доналдсон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милан Младеновиќ: Музичар, визионер, легенда – 26 години подоцна

Следно

Ковачев: Не го менуваме ставот кон македонското прашање, Мицкоски ја оддалечува европската перспектива на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian