ВИДЕО: Македонската ракометатна репрезентација поразена во Каиро од Египет

1 min read

Денеска во првиот од двата пријателски натпревари во рамките од ЕХФ неделата најдобрата македонска репрезентација загуби од Египет во Каиро со резултат 32:25.

Добро го започнавме мечот стекнувајќи предност од два голови разлика (6:4), но потоа противниците направија серија од 3:0 за нивно минимално водство во 21 минута. На паузата Египќаните предводени од поранешниот тренер на Вардар 1961, Парондо, водеа со 12:10.

Успеавме на стартот од вториот дел да израмниме на 13:13, се држевме егал до 16:16, а по 40 минута домаќините одиграа многу подобро. Следуваа лоши моменти во составот на Кирил Лазаров, во 44 минута ривалот се одвои на „плус три“ (21:18).

Нападот не функционираше најдобро, тоа го казнуваше Египет кој имаше и 23:18, низа која ја прекина Талески. Во финишот од средбата екс членот на Е. Пелистер, голманот Хендави блескаше со своите одбрани и имаше клучен придонес во триумфот на својата репрезентација.

Најефикасни стрелци во нашата селекција беа Талески со шест и Кузманоски со четири погодоци, а голманот Митревски имаше 11 одбрани.

Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат в сабота. Нашите најдобри ракометари овие средби ги користи како подготовка пред настапот на Европското првенство 2022.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седуммина починати од ковид-19, регистрирани 606 нови случаи

Следно

ВИДЕО | „Немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени“: Милановиќ за ситуацијата во БиХ и дали земјата е на работ на конфликт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian