ВИДЕО | Димитров: Блокадата не е само кон нас туку и кон ЕУ, затоа регионот треба да се погрижи за себе

4 mins read

Потпретседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров вчера се врати од средбата на самитот на „Отворен Балкан“ во Белград. Тој појде на самитот наместо премиерот Зоран Заев.

-Главна порака зошто бев таму е иницијативата да не биде сведена на тројца луѓе. Ние сме таму за да останеме. За мене ова беше прво искуство, но беше многу корисно. Средбата со компаниите од трите држави на тема како дигитализацијата да помогне во меѓусебната соработка беше многу добра, вели Димитров.

И Вучиќ и Рама се осврнаа на оставката на премиерот Заев.

-Таму има малку поинаков поглед кон тоа европската интеграција да се врати, да профункционира. Ние не можеме да чекаме сето ова, како што е недовербата на ЕУ и застојот на процесот на интегрирање, да помине. Расположението таму е „дајте да видиме што можеме ние да направиме да си ги подобриме позициите“, регионот да пркне малку. Имавме заедничка изјава во која се вели дека Северна Македонија е пример за неисполнети ветувања од ЕУ и мислам дека ова е начин регионот да се солидаризира со нас, вели Димитров.

Повторно се случува застој на границите.

-Македонска компанија увезува од Србија брашно и чека на двојна документација и од Србија и од Македонија, а извезува колачи во Србија и повторно истата постапка. Затоа договоривме барем за овие работи да видиме каде е проблемот и да профункционира работата како што треба, вели Димитров.

Ние ќе имаме нова влада со нов премиер, има мали очекувања дека ќе има промена на ставот на Софија, па останува прашањето дали Албанија ќе сака да се откачи од товарот што Македонија ѝ го претставува.

-Тешко дека во декември ќе се направи нешто. Оваа блокада не е само кон нас туку и кон ЕУ. Таа блокада сакале или не е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, вели Димитров.

-Позитивна интерпретација е дека Бугарија постепено да се повлече од некои барања. Негативна интерпретација е кога нѐ обвинуваат за дискриминација, а тоа не е така. Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.

Бугарите сметаат дека треба да влезат во македонскиот Устав. Тоа е долг процес. Обратно не е можно оти Бугарите велат дека нивниот Устав не е таков.

-Мислам дека мора да бидеме искрени, во последниве години беа отворени пет прашања, па уште едно, па пописот… Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.

Заев се повлекува од лидерската позиција, па интересно е да се слушнат пораките од Европа и дали има свест дека рушат прогресивни сили.

-За жал, за овој исход удел има и Европа, а под тоа мислам на Бугарија. Потребно е и ние да сработиме уште повеќе, да продолжат проевропските и проатлантските политика. Но, таму не до крај разбираат зошто ставивме равенство меѓу локални извори и влада. Постои загриженост дали тука ќе се задржи компасот, вели Димитров.

-Политиката ја гледам дека ни требаат малку повеќе идеали и принципи. Народот треба да се слуша и послуша, заклучува Димитров.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 5 ноември: Не дозволувајте другите да ве вознемируваат

Следно

ВИДЕО: Силно невреме во БиХ предизвика голема материјална штета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian