Тунберг на протест во Глазгов: КОП26 е неуспех

1 min read

Илјадници млади активисти предводени од Грета Тунберг денеска учествуваа на протестен марш низ улиците на Глазгов, на кој испратија барање до светските лидери на конференцијата на Обединетите нации за итно и драстично намалување на емисиите со цел справување со климатските промени.

Би-Би-Си јави дека климатските активисти Грета Тунберг и Ванеса Наката го воделе денешниот марш од десетици илјади луѓе во Глазгов како дел од движењето „Петок за иднината”.

Климатските активисти не се задоволни од ветувањата дадени од лидерите на 120 земји на најважниот Самит КОП26 на ОН претходно оваа недела, а Грета Тунберг на митингот во Глазгов рече дека е потребно „итно и драстично” намалување на емисиите со цел справување со климатските промени.

– Не е тајна дека КОП26 е неуспех. Треба да биде очигледно дека не можеме да ја решиме кризата со истите методи кои не воведоа во неа. Итно ни треба драстично намалување на годишните емисии што светот досега не ги видел, нагласи Тунберг.

Маршот го организираше шкотскиот огранок на „Петок за иднината”, група основана од млади луѓе инспирирани од училишните штрајкови на Грета Тунберг и е еден од најголемите протести за време на самитот КОП26.

Активисти од неколку други земји, вклучувајќи ја и Ванеса Наката, исто така одржаа говори за тоа како климатските промени веќе влијаат на нивната животна средина.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Која е вистинската боја? Еве ги најсоодветните нијанси за уредување на вашата спална соба

Следно

СДСМ: Заев формално сѐ уште не ја има поднесено оставка на партиската функција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian