Португалија одобри евтаназија

1 min read

Парламентот на Португалија повторно го одобри нацрт-законот со кој се дозволува евтаназија во земјата, јави весникот „Диарио де Нотициас” (Diario de Noticias).

Според весникот, предлогот го поддржале 138 од 227 пратеници, 84 биле против, а петмина воздржани. Документот сега ќе му биде предаден на претседателот Марсело Ребело де Соуза, кој може да го врати на суд.

Предлог-законот за евтаназија беше одобрен од Парламентот кон крајот на јануари, но шефот на државата потоа го испрати до Уставниот суд, кој го прогласи за неуставен. Текстот на документот потоа беше вратен во парламентот, кој ја промени контроверзната формулација.

Поборниците за легализирање на евтаназијата додале нов член во нацртот кој појаснува голем број концепти. Весникот појаснува дека португалскиот проект е сличен на шпанскиот, кој годинава беше одобрен од пратениците во Мадрид. Шпанија тогаш стана четвртата земја во Европа која дозволи евтаназија.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Млад скопјанец нападнат во Карпош

Следно

Во Стразбур има 300 тужби против С. Македонија за дискриминација, открива првиот човек на судот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian