Ѓоковиќ за финале против Хуркач на турнирот во Париз

1 min read

Новак Ѓоковиќ го совлада Американецот Тејлор Фриц со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 6:3 во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Париз.

Тоа беше петта победа за српскиот ас во петте меѓусебни средби против младиот натпреварувач од САД, а седмо полуфинале за Ѓоковиќ во Париз.

Тоа беа два неизвесни сета во кои беа видени многу брејкови, но факт е дека Ѓоковиќ се прашуваше за случувањата на теренот од почетокот до крајот на мечот.

Успеа да направи брејк на самиот старт, но младиот Фриц не се предаде, возврати, но на освојувачот на 20 грен слем титули не му требаше многу мака за да поведе со 1:0 во сетови, по 39 минути игра.

Американецот успеа да му го одземе сервисот на Новак на стартот од вториот сет, но по слично сценарио во првиот сет доби одговор. Новак возвраќа, а потоа прави нов брејк кој го задржа до крајот и заслужено славеше.

За пласман во големото финале првиот светски рекет ќе се соочи против Полјакот Хуберт Хуркач кој со 2:1 (6:2, 6:7, 7:5) го елиминираше Џејмс Дакворт од Австралија.

Втората полуфинална двојка ќе ја дознаеме по одигрувањето на останатите две четвртфинални двојки, Гастон (Франција) – Медведев (Русија) и Рууд (Норвешка) – Зверев (Германија).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Стразбур има 300 тужби против С. Македонија за дискриминација, открива првиот човек на судот

Следно

Курти: Србија е како нацистичка Германија, може да предизвика трета балканска војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian