МВР уапси крадец баран за затворска казна поради кражба

1 min read

На 04.11.2021 во 17.00 часот на ул.„23 Октомври” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.  

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Стоматолог Илија Караманов: Циркуларниот кариес на горните запчиња е резултат на пиењето млеко за време на спиење

Следно

Ливингстон: „Најбогатите ја ограбуваат и сериозно загрозуваат планетата“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian