Му се обраќам на моето неродено дете: Даниела Мартиновиќ со трогателна исповед

2 mins read

Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ повеќе од 20 години беше во врска со колегата Петар Грашо, кој сега е во љубов со 15 години помладата Хана Хуљиќ.

Даниела имала голема желба да се реализира како мајка, а своевремено дала и интимна исповед на тема борбата за потомство која потресува многу жени.

Исповедта на Данијела Мартиновиќ е гола и искрена, а уметницата која покрај тоа што пее и пишува, своевремено објасни како се справува со тоа што не се остварила во улогата на мајка и како во најтешките моменти наоѓа инспирација за творење.

– Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна, со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство ми звучат и ми изгледаат толку прости, некоретни. Затоа, во ранливите моменти на емоционалната експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, мојата Трошкичка. Знаете, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат ниту почеток ниту крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да ѝ раскажам се од прво лице еднина – рекла Даниела пред неколку години за хрватско „Стори“.

Пејачката тогаш без трошка двоумење изјавила и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но и понатаму верува дека ако тоа не се случи, може да ја пронајде својата среќа без дете.

– Детето е моја голема желба, никогаш не сум ја криела, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав од тоа што сум мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна иако тоа никогаш не се случи – изјавила тогаш поранешната партнерка на Петар Грашо, пренесува „Ало.рс“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов негативен рекорд по дневни случаи на ковид-19 во Грција

Следно

Млад скопјанец нападнат во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian