Милан Младеновиќ: Музичар, визионер, легенда – 26 години подоцна

6 mins read

Милан Младеновиќ, фронтмен, музичар, текстописец и гитарист на групата „ЕКВ“. Веројатно еден од најголемите уметници на поранешна Југославија. Човек за кого пред точно 26 години, на денешен ден, Југославија жалеше како да е национален ден на жалост.

Дете од офицерско семејство. Роден во Загреб, од свои шест години живее во Сараево, а во своите тинејџерски години со семејството се сели во Белград.

Во седумдесетите години го има бендот „Лимуново дрво“ со кој настапува во СКЦ и Дом на Млади, бенд од кој ке израсне „Шарло Акробата“. Во текот на 1981 година ќе излезе еден од највлијателните албуми „Бистрији или тупљи човек бива кад…“, а веќе на крајот на истата ќе го оформи „Катарина II“, создаден како склоп од музичари и пријатели од претходните бендови, но за прв пат ќе се приклучи и клавијатуристката Маргита Стефановиќ Маги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @__malena.novog.talasa___

По издавањето на истоимениот албум, овој бенд се распаѓа но се создава „Екатерина Велика“, или попозната како „ЕКВ“, кој прераснува во култ.

„Милан Младеновиќ и ЕКВ се мојот „lifestyle“, „израснав“ со нивната музика, секој наслов и стих од легендарните теми го отсликуваат целиот мој животен опус. И тоа „Као да је био некад, као да је било ту“, „мењајучи дан за ноч“, гласно ја раскажува приказната за една, сега најпотентна генерација која впрочем е и локомотива на оваа наша композиција, онаа која знае која е нејзината дестинација! „Јер, ово је земја за нас и све наше људе“, а од него разбрав дека поединците ја прават револуцијата! Чест ми е што го знаев, уживав, дишев… и сè уште ја раскажувам приказната низ моите сетови и животни ставови!!! Така и ќе биде до крајот, ако воопшто постои, „јер, најбољи не умиру, они одржавају баланс и континуитет на земљи“. Тие сме, едни сме!“, вели Вера Јанковиќ, наша позната диџејка и музички вокал.

„Као да је било некад“, „Очи боје меда“, „7 дана“, „Љубав“… се песни кои останаа во музичката меморија на тогашните, но и на генерациите кои допрва ќе се оформуваат растејќи на тој музички израз. Албумот „С ветром у лице“ од 1986 година можеби ќе биде еден од најзабележителните, лансирајќи го бендот на самиот врв на југословенската сцена со песните „Ти си сав мој бол“ и „Пар година за нас“.

„Милан Младеновиќ има извршено огромно влијание, речиси на сите андерграунд бендови од крајот на осумдесетите години на минатиот век. Милан со својата  специфична боја на гласот, и целата енергична атмосфера на бендот, доведува до точка на вриење од која не можеш да останеш рамнодушен. Мене лично ме воодушевува посветеноста на бендот кој, до последен здив остана доследен на својата музичка креација. Милан со своите херметички текстови и кршење на сите бариери и текстуално и вокално има извршено огромно влијание врз мене. Звук, сила и енергија. Јас го слушам и денес“, вели Влатко Зајче Митревски, основач на „ЕКВ“ трибјут бенд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

Откако тешко ќе го доживее распадот на Југославија и заминувањето на членовите во странство, Младеновиќ ќе го искаже својот став низ составот „Римтутитуки“, составен од бројни белградски музичари кој настанува како револт од сите настани во веќе поранешната Југославија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ratnik Svetlosti (@ratnik.svetlosti)

Во 1994 година заминува за Бразил, каде го снима албумот „Анџелов дах“, но чие издание нема да го дочека починувајќи од рак на панкреас на 5 ноември 1994 година.

„На 5 ноември 1994 година почина Милан Младеновиќ, еден од најголемите на овие простори. Веста делуваше нестварно. Тогаш наполнив 20 години. Поранешната држава се распадна. Пет години пред тоа со колегите од ЕКВ ја издаде „Само пар година за нас“. Прв пат ја слушнав на „Диско селектор“ кај Драган Б. Костиќ на Втора програма. Влета директно на прво место, чинам. Текстуално и музички се двоеше од сите други песни  на листата. Пророчка песна. Што се случи оттогаш? Станавме ли помудри? Поемпатични? Покреативни? Станавме ли подобри луѓе?“, вели Игор Ангелков, филмски критичар и издавач со постојан интерес за музика

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Zmijarevic (@chef_z_ivan)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | И Зеница стравува од обилните врнежи: Поплавени се и згради и куќи

Следно

ВИДЕО | Младите во Глазгов на протест: „Нема планета Б“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian