Мицкоски: Ќе го почекаме Заев да ја поднесе оставката, ако не, ќе изгласаме недоверба на Владата

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Собранието изјави дека партиите кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство очекуваат премиерот Зоран Заев да ја поднесе оставката, а доколку не го направи тоа, ќе биде изгласана недоверба на владата.

Мицкоски рече дека ќе почекаат до понеделник, бидејќи службите во Собранието не работат за време на викендот. Според него, има две опции во игра за кои ќе се разговара утре во партијата.

„Едната опција е ново парламентарно мнозинство кое ќе избере нова влада, а втората е да се оди на брзи предверемени избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не сакаше да одговори конкретно на прашањато дали на државата во овој момент ѝ се потребни избори.

Доколку Заев поднесе оставка, во тој случај Собранието само ќе ја констатира оставката на премиерот и со тоа и на Владата. По ова, следи рок од 10 дена претседателот на државата Стево Пендаровски да го додели мандатот на Мицкоски, при што тој како доказ дека има мнозинство ќе ги приложи собраните потписи за новото мнозинство. По ова во рок од 20 дена Собранието ќе треба са закаже седница за избор на нова влада.

Ако Заев не поднесе оставка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и новото мнозинство ќе ја поднесат иницијативата за недоверба на Владата. Претседателот на Собранието по примање на иницијативата во рок од три дена треба да свика седница за недоверба на Владата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриен е ген кој го удвојува ризикот од смрт од ковид-19

Следно

„Франс Фудбал“ демантираше дека Меси е освојувач на „Златната топка“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian