Која е вистинската боја? Еве ги најсоодветните нијанси за уредување на вашата спална соба

4 mins read

Многу често знаеме да се запрашуваме која е најдобрата боја која ќе ги украси ѕидовите во нашиот стан… А кога станува збор за спалната соба, прашањето е – што сакаме? Но и… што може да ни послужи најдобро?

Од синило до руменило… боите во вашата спална соба може значително да влијаат на енергијата во Вашиот простор. Но, кои се позитивните бенефити на одредени нијанси кои се препорачани за подигнување на овој ефект кој боите го имаат врз вашето расположение и енергија?

Розе и руж за смиреност

Посветли нијанси на црвено, како руж, розе, или корално розево, може да влијаат смирувачки и да доведат до генерално чувство на мир.

„Ако работам бои кои се за психијатар или психолог каде луѓето доаѓаат, и тие сакаат да се опуштат во канцеларијата, тие често бараат светло розова затоа што не е тешка да се забележи или испроцесира. Таа е нешто за кое не треба да размислувате“, изјави Ејми Вакс, експерт за психологија на боја.

Нијанси на сино за одмор

Сино, сино-зелено, и сино-сиво се некои од најсмирувачките нијанси за во спалната соба.

Во психологијата, сино е боја која се поистоветува со чувството на доверба, така што синото автоматски е боја која чувствуваме дека може да направи да ја опуштиме нашата гарда бидејќи ја чувствуваме искрена и комфорна за нас.

Можете да изберете или посветла нијанса, или нешто подраматично, како морнарско, и да го балансирате со кремави или посветли нијанси за истиот финален ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Horrell (@littlebolddesign)

Неутрални кафени за чувство на пријатност

Вклопување на нијански на кафено или тапе може да направат да се чувствувате попријатно.

Тоа е соодветна боја како основа затоа што прави многу силна изјава кога влегувата во собата. Овие бои создаваат прекрасно позадинско чувство кое потсетува на природата. Вие автоматски ќе се чувствувате прегрнати и олеснето.

Нијанси на кафени како бои за основа или акценти може да го доловат овој ефект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniela Porta (@cameraconvista_dd)

Зелени нијанси за релаксација и сигурност

Додека ова не е најпопуларната нијанса за во спалната соба, зелената знае да е многу опуштувачка и смирувачка, особено варијантата на сиво-зелена.

Постои реална причина зоштом актери и гости се опуштаат во зелени соби пред да се појават на телевизија – тоа е боја која прави да ги стивнете струите и да се чувствувате помалку под стрес.

Оваа боја не била отсекогаш јасен избор во внатрешниот дизајн, но се стекнува со повеќе популарност во одредени сегменти низ домот постепено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @that_overton_house

Виолетово за комфорт

Темно виолетово вообичаено не е нешто што очекувате да го видите кога ќе влезете во соба, што ја игра својата улога во тоа зошто е толку привлечна.

Слива може да биде елегантна – ја има интензивноста на скапоцен камен и е значително разнолика, а може да донесе и доста различни вибрации.

Ова се бои кои се тешки да се испроцесираат, како црвените и жолтите, и тие не се така нежни како сините. Виолетовата е често боја која се поистоветува со кралството, па кога богати виолетови се користат може да се направи собата да делува полуксузно и повеличествено.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени“: Милановиќ за ситуацијата во БиХ и дали земјата е на работ на конфликт

Следно

Тунберг на протест во Глазгов: КОП26 е неуспех

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian