Катарците потврдија: Чави ќе биде новиот тренер на Барса

2 mins read

Повеќе од јасно беше дека Чави Ернандес ќе го наследи Роналд Куман на местото тренер на Барселона, само не се знаеше дали катарскиот клуб Ал Сад ќе го пушти на половина од сезоната.

Преговорите меѓу Барселона и Катарците завршија, и Чави до крајот на неделата ќе го преземе каталонскиот клуб.

Турки Ал-Али, извршниот директор на Ал Сад изјави дека сè е готово.

– Се договоривме со Барселона и Чави може да замине, бидејќи тие ќе ја платат излезната клаузула за него. Се договоривме и да соработуваме со Барселона во иднина. Чави е важен дел од историјата на нашиот клуб и му посакуваме сè најдобро.

Чави ни кажа дека сака да оди и да ја преземе Барселона бидејќи неговиот клуб е во голема криза. Ние го прифативме тоа – рече Ал-Али.

41-годишниот Чави како играч ги имаше најголемите успеси токму со каталонскиот гигант. Освои осум титули во шпанската „Ла Лига“, шест во националниот Суперкуп, четири во Лигата на шампионите, три во „Копа дел Реј“, а по две во УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство. Неговиот учинок беше 58 голови од 505 настапи за екипата од „Камп Ноу“.

Чави: Враќањето во Барселона би било спектакуларно

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОЈО бара притвор за двајца измамници

Следно

Балканската ѕвезда ја откри нејзината животна грешка: Кевин Костнер ме покани на вечера, јас го одбив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian