Искористете сè од фрижидерот денеска – направете фритата!

1 min read

Петок нека ви биде ден за „чистење на фрижидерот“ а со тоа и можност за добар, обилен појадок. Ви предложуваме утрински да се разбудите со едно познато италијанско јадење, чија основа се јајца. Се вели дека „фритата“ или прженица по нашки се правела во речиси секое поскромно семејство, придружено со домашен леб или кростата со сирење.

Ако дома имате останато нешто од зеленчук, сувомеснато, сирење и јајца, овој појадок ќе биде совршен погодок за денов.

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 100 мл млеко
  • малку сол, бибер
  • маслиново
  • 200 грендан кашкавал
  • 200 гр сечкани печурки
  • 200 гр спанаќ (може и замрзнат)
  • мала главица црвен кромид сечен на кругови
  • мал компир сечен на чипс плочки

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата со млекото, солта и биберот. Додајте го ренданиот кашкавал.

На масло во длабока тава (најдобро гусена, и со капак) пропржете го прво кромидот, па компирот додека да омекнат и почнат да заруменуваат. Додајте ги печурките и спанаќот и допржете додека да испари водата. Смесата од јајца и кашкавал истурете ја врз цела смеса да биде како дебела палачинка, но не мешајте, оставете го овој налик омлет да се пржи на тивко барем 10 минути. Потоа покријте го со капак и оставете го целосно да се олади, и од пареата горниот дел да фати коричка.

Послужете со потпечено лепче со лук, или било каков леб дома.

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Филаделфија доминира на Истокот, Букер блескаше против Хјустон

Следно

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian