Хамилтон не сака титула по секоја цена

1 min read

Луис Хамилтон отфрли секаква можност за намерен судир со Макс Ферстапен, доколку тоа му ја донесе титулата оваа годинава во Формула 1 шампионатот.

Моментно на пет трки до крајот на сезоната, води Ферстапен со 287,5 поени, пред второпласираниот и актуелен светски шампион Хамилтон со 275,5, а далеку зад нив на третата позиција е Валтери Ботас.

Во пресрет на трката за Големата награда на Мексико, Британецот Хамилтон зборуваше за зборовите на првиот човек на „Мерцедес“, Тот Волф, кој изјави дека „очекува борба меѓу Макс и Луис како што имаше порано меѓу Сена и Прост и дека се дозволени сите средства“.

– Искрено не прочитав прво дека Тото го кажал тоа и искрено се сомневам дека е така кажано. Никогаш не сме го освоиле шампионатот на тој начин, никогаш така не сум доаѓал до титула и искрено и не сакам – рече Хамилтон.

Трката за ГН Мексико се одржува викендов во Мексико Сити, трката е в недела на 7 ноември.

– Од моја гледна точка, тука сум да победам на вистински начин. Верувам дека тоа е можно преку умешност, посветеност и напорна работа. Ме интересираат само такви триумфи – вели Хамилтон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Собранието ги верификува мандатите на новите шестмина пратеници

Следно

Нов негативен рекорд по дневни случаи на ковид-19 во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian