Франција ќе ја користи здравствената пропусница за ковид до крајот на јули 2022 година

1 min read

Франција ќе продолжи да ја користи здравствената пропусница за ковид до крајот на јули 2022 година, е одлучено денеска.

Пропусницата докажува дека лицето било вакцинирано против Ковид-19, неодамна закрепнало или е негативно на тестот.По силното противење на Сенатот, законот денеска е усвоен во Националното собрание.

Правната основа за користење на сертификати за Ковид постоела само до средината на ноември, а сега е дозволено користење на здравствен картон до крајот на јули следната година.

Двата дома на францускиот парламент имале различни ставови за продолжувањето на сертификатите. Сенатот, горниот дом на парламентот, сакал усвојувањето да биде продолжено само до крајот на февруари.

Сепак, последниот збор го имало Националното собрание, во кое има мнозинство членови на партијата на претседателот Емануел Макрон.Законот, исто така, ги зголемил казните за фалсификување на здравствените пропусници и им овозможил на училиштата да добијат информации за статусот на вакцинирање на учениците.Француските медиуми наведуваат дека екстремно левичарските и конзервативните партии најавиле дека ќе испитуваат дали законот е во согласност со уставот.

Здравствените пропусници во Франција се користат од јуни, а владата ги воведе по големиот пораст на бројот на заразени.Се користат за влез во ресторани, меѓуградски железнички превоз, културни и спортски настани и слично.

Според последните податоци, неделната инциденца во Франција е 54 случаи на 100 илјади жители.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Совршен спој помеѓу фитнес и мода? Постои: Добредојдовте во „Hermes Fit“

Следно

Ахмети: Нема емоции, ниту еуфорија, во контакт сме со стратешките партнери од САД, НАТО и ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian