Фајзер пронајде таблета против ковид со која тврди дека за 89 проценти ќе се намалат хоспитализирањата и смртните случаи

2 mins read

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување.
Прелиминарните резултати од студијата на Фајзер спроведена на 775 возрасни лица. покажува дека Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.

Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.

– Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој сто отсто штити од смрт, изјави научникот Мајкл Долстен.

 

Овие резултати ги надминуваат оние што ги објави Merck & Co за нејзиниот лек молнупиравир, за кој минатиот месец се покажа дека ги преполови шансите за смрт или хоспитализација за пациентите со Ковид кои се изложени на висок ризик за тешка болест. Антивирусни лекови се додаток на вакцините против Ковид-19.

Многумина веруваат дека молнупиравир е одлично решение бидејќи може да се користи за лекување на коронавирус без да биде во болница, наведува Си-Ен-Ен.

Кога на пациентот ќе му биде дијагностицирана инфекција со Ковид-19, тој може да започне со терапија со овој лек и да зема четири капсули од 200 милиграми (вкупно 40 таблети) два пати на ден во период од пет дена.
„За разлика од вакцините, кои предизвикуваат имунолошки одговор, молнупиравир се меша со репликацијата на вирусот“, велат експертите за заразни болести на Австралискиот национален универзитет.

Прелиминарните резултати од третата фаза на клиничките испитувања, спроведени од Мерк на повеќе од 700 невакцинирани пациенти, покажаа дека пилулата може да го намали ризикот од хоспитализација или смрт за приближно 50%, пациенти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чисти Бирарија во Oпштина Кисела Вода

Следно

МЗ започнале преговори со производителот на лекот „Молнупиравир”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian