Европа повторно во епицентарот на пандемијата на Ковид

2 mins read

 

Европа повторно е во „епицентарот“ на пандемијата на Ковид-19, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), бидејќи расте бројот на случаи на новозаболени низ целиот континент, пишува Би-би-си.

Медицински лица / Фото: EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG

 

Шефот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге, очекува дека до февруари селдната година ќе има уште половина милион смртни случаи од ковид во Европа .

Тој тврди дека влошувањето на епидемиолошката состојба е поврзано со недоволната покриеност со вакцинацијата.

 

„Треба да ја промениме нашата тактика – наместо да одговориме на порастот на случаите, треба да ја спречиме појавата на новозаболени , смета претсавникот на СЗО.

Темпото на вакцинација е забавено низ целиот континент во последните месеци,
Околу 80 отсто од Шпанците примиле две дози од вакцината, додека пак во Германија процентот на вакцинирани е 66 отсто, а во некои источноевропски земји значително помалку вакцинирани лица, како на пример Русија каде само 34,2 отсто од Русите се вакцинирани.

Клуге, исто така, го поврзува зголемувањето на случаите со олабавување на мерките во Европа.

 EPA-EFE/Luis Angel Gonzalez

Епидемиолозите на СЗО, , сметаат дека бројот на случаи во Европа се зголемил за 55 отсто во изминатите четири недели, и покрај „достапноста на вакцините и алатките “ за борба против пандемијата, Ситуацијата во Европа е „предупредување за светот“ сметаат од СЗО

Само Германија денеска регистрираше повеќе од 37.000 нови случаи на ковид , што е рекорден број случаи втор ден по ред.

Канцеларијата на СЗО за Европа покрива 53 земји, вклучително и делови од Централна Азија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведена 69-годишна скопјанка за издржување затворска казна

Следно

Тачи: Битно ДПА победи во Студеничани, а без мене тоа немаше да се случи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian