„Делије“ гаѓаа кон судиите, го погодија кондициониот тренер на Црвена звезда

1 min read

Навивачите на Црвена звезда го најдоа виновникот за поразот од Митјиланд во четвртото коло од Лигата на Европа кај судијата Тамаш Богнар од Унгарија.

Унгарскиот судија во 12 минута го исклучи Милош Дегенек, додека Марко Гобељиќ претходно во финишот мораше да оди во соблекувалната.

Навивачите на белградските „црвено-бели“ бурно реагираа и гаѓаа со разни предмети кон судиите почнаа да го напуштаат теренот.

Голманот на Црвена звезда, Милан Борјан се обиде да ги смири популарните Делии, а полицијата направи т.н. шпалир за судиите да стигнат до соблекувалните.

Според информациите во хаосот што настана беше погоден кондицискиот тренер на домашната екипа, Федерико Панончини.

Италијанецот целиот крвав, побарал брза помош бидејќи бил исплашен, но повредата не била сериозна.

ВИДЕО: Конте дебитираше со победа на клупата на Тотенхем, Рома се спаси од пораз на „Олимпико“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јакимовски втор ден како градоначалник, влезе во војна со медиумите

Следно

Во Хрватска е регистриран првиот случај на сојот делта плус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian