Данела Арсовска го доби уверението за градоначалник на Град Скопје

1 min read

Изборната комисија на Град Скопје денес го врачи Уверението за избор на градоначалник на Град Скопје на Данела Арсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Во понеделник, на 8ми ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпан: Секој жител на Германија треба да прими засилувачка доза против ковид-19

Следно

ФФМ: Агенцијата за млади и спорт осум месеци нема одговор за македонското државјанство на Калкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian