Хрватската пејачка Нина Бадриќ откри дека во една прилика добила покана за вечера од славниот холивудски глумец. Поканата како што вели, ја одбила.
„Тоа ми е една од најголемите грешки во животот. Имав 25 години, бев клинка и имав многу настапи надвор. Бев во Монте Карло на некаква гала вечер. Тој ме покани надвор, а јас бев убедена дека тоа е некаква шега! Тоа е кога си млад, немаш самодоверба. Ме виде во клубот и го испрати својот асистент кој ми рече дека Кевин Костнер би сакал да вечера со мене. На крајот, ми пријде една новинарка од Белград и ме праша, „што ти е?“. Но тогаш бев вљубена во еден идиот од Загреб, и сега да можам да го вратам тој момент, секако би отишла на вечера со Костнер! – раскажа Нина и покажа заедничка фотографија која ја чува во мобилниот телефон.
View this post on Instagram
Нина ја раскажа и приказната како задоцнила на приемот кај поранешниот претседател, Иво Јосиповиќ и дека тоа ѝ било едно од понезгодните искуства.
„Излегов од дома подготвена и средена и паднав на под. На колена, па на нос. Никој не ми поверува, освен претседателот и му благодарам за тоа. Се извинував речиси половина час – се присетува таа на овој за неа посрамотувачки настан, пренесуваат од „Indeks.hr“
Извор: www.slobodenpecat.mk