Ахмети: Нема емоции, ниту еуфорија, во контакт сме со стратешките партнери од САД, НАТО и ЕУ

1 min read

Ситуацијата која настана со оставката на премиерот ја менаџираме низ интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик, напиша вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, откако ВМРО-ДПМНЕ и досегашните опозициски партии објавија дека заедно со Беса формирале ново мнозинство во Собранието.

„Исто така, по актуелниот развој, во контакт и координација сум со нашите стратешки партнери: САД, НАТО и Европската унија. Нема да дејствуваме ниту со емоции, ниту со еуфорија. Добив многу повици со поддршка од сите страни, на која сум благодарен, и иако не можам да им возвратам на сите, ви кажувам дека ќе успееме заедно. За сите следни чекори ќе бидете известени. Засекогаш заедно, во секакви дуели“, напиша Ахмети.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција ќе ја користи здравствената пропусница за ковид до крајот на јули 2022 година

Следно

Потврдена борбата: Најстрашниот човек на Земјата против иранскиот „Хулк“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian