Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија, објавени новите мерки

2 mins read

Заврши седницата на Кризниот штаб во Србија, а по состанокот што се одржа Владата на Србија, на јавноста и се обрати министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, пренесува Курир.рс.

„Епидемиолошката состојба во овој момент е доста неповолна. Во последните недели бројките се уште се исклучително високи, она што е многу важно е дека секој ден од 50 до 60 наши сограѓани ја губат битката со оваа болест – изјави Дарија Кисиќ Тепавчевиќ во своето обраќање до медиумите.

Нови мерки во Србија

Министерката соопшти дека местата каде што во главно се собираат младите има значително влијание врз зголемувањето на бројот на вакцинирани. Отсега во Србија сите угостителски објекти ќе можат да работат 24 часа.

„Видовме дека воведувањето на ковид потврди во оние места каде што има голема веројатност за пренесување на вирусот и каде што по правило најмногу се собираат младите, значително влијаеше на зголемувањето на фреквенцијата на вакцинација. Согласно тоа, одлучивме да го продолжиме овој временски период за угостителските објекти од 20 часа, сите угостителски објекти ќе можат да работат 24 часа – изјави министерката.

 Ковид потврдите ќе важат од 20 часот во угостителските објекти, односно оние кои ќе сакаат да влезат во угостителските објекти по 20 часот ќе мора да покажат ковид потврда. Овие мерки ќе стапат на сила од понеделник, со нови, построги контроли.

Ваквите мерки ќе важат и за казината,

„Од понеделник, ковид пропусниците ќе важат и во сите казина, слот клубови, обложувалници, како и во сите угостителски објекти – истакна Кисиќ Тепавчевиќ на прес-конференцијата по седницата.

Продолжен есенски распуст

На седницата на Кризниот штаб беше усвоен предлогот на Училишниот тим со кој се предвидува основците и средношколците од Србија да не одат на училиште од понеделник, 8 ноември до петок, 12 ноември, соопшти Министерството за образование.

„Од 8 до 12 ноември ќе трае продолжениот есенски распуст за учениците“ најави министерот по седницата.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандал: Најдобрата кинеска тенисерка обвини поранешен заменик премиер за силување

Следно

(ФОТО) Домаќинот по дворот се познава: Минете ли покрај куќата на Величе, веројатно ќе си добиете хризантема!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian