ВИДЕО | „Штедливиот“ Том Хенкс го одбил Безос за лет во вселената: „Не сакам да платам 28 милиони долари“

2 mins read

Актерот Том Хенкс открил гостувајќи во емисијата на Џими Кимел дека милијардерот Џеф Безос му понудил лет во вселената, но тој го одбил поради цената.

Кимел го прашал актерот дали е вистина дека милијардерот му се обратил за летовите во вселената уште пред актерот Вилијам Шантер, кој неодамна го доживеа тоа искуство.

„Па, да, под услов да платам. И, знаете, чинеше 28 милиони долари или нешто слично. Добро ми оди, Џими, добро ми оди. Но, јас не плаќам 28 милиони долари“, одговорил Том Хенкс.

„Знаете, би можеле да го симулираме искуството на одењето во вселената токму сега. Тоа е лет кој трае околу 12 минути? Сите би можеле да го направиме тоа во нашите фотелји овде“, рекол Хенкс пред комично да го симулира искуството со летањето.

„Не морам да трошам 28 милиони долари за тоа. Тоа можам да го направам дома“, додал актерот.

Кимел подоцна го прашал Хенкс дали би размислил за качување на вселенскиот лет доколку е бесплатен.

„Повремено би го направил тоа само за да доживеам радост. Преправајќи се дека сум милијардер“, одговорил Хенкс.

Иако ја одбил поканата на Безос, се смета дека тој е меѓу познатите личности кои резервирале билети во вредност до 250.000 долари за да бидат на првите тури на вселенски туристи со комерцијалното вселенско летало на Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“.

На списокот за лет во вселената, наводно, се наоѓаат и други славни личности како Леонардо Дикаприо, Бред Пит, Леди Гага, Кети Пери, Џастин Бибер, Анџелина Џоли, Ештон Качер…

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Белград започна состанок на регионалната иницијатива за соработка „Отворен Балкан“.

Следно

Кои се надлежностите на градоначалникот на Град Скопје?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian