Старите добри пријатели: Путин и Лукашенко ја зајакнуваат соработката

1 min read

Русија и Белорусија потпишаа пакет документи за зајакнување на соработката во повеќе области од енергетиката до одбраната, пренеусва ТАС.

Документите беа потпишани на виртуелниот самит од страна на рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Имаме намера заедно да се спротивставиме на обидите за мешање во внатрешните работи на нашите суверени земји. Русија, се разбира, ќе продолжи да го поддржува братскиот народ на Белорусија. Нема сомнеж во тоа“, рече Путин во таа прилика.

Потпишаните договори, според Путин, имаат за цел да „воспостават координирана макроекономска стратегија“ преку усогласување, на пример, некои правила во областите на оданочување и кредитирање, како и во областа на енергијата, земјоделството и индустријата.

Белорусија е финансиски зависна од Русија

Путин и Лукашенко истакнаа дека соработката меѓу двете земји, кои се приклучија на алијансата во 1996 година, ќе биде подигната на ново ниво. Белорусија долго време финансиски зависи од Русија.

Путин неодамна го поддржа Лукашенко во судирот со Западот, кој воведе санкции кон Минск поради насилното задушување на протестите што избија по претседателските избори, кои опозицијата ги смета за наместени.

Лидерот на белоруската опозиција Светлана Тихановска го критикуваше потпишувањето на новите документи за соработка.

Тихановска, која живее во егзил во Европската Унија, оцени дека Лукашенко повеќе нема легитимитет да лансира вакви програми и предупреди дека не се познати деталите од договорот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Суперхеројска торта за „министерот за одбрана“: Среќен роденден Борко Ристовски

Следно

Предлог буџетот за 2022 година на 15 ноември влегува во Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian