Специјалниот документарец за Боба Фет ќе се прикаже премиерно на Денот на Дизни+

3 mins read

Љубителите на „Star Wars“ со нетрпение ја очекуваат серијата „The Book of Boba Fett“, чија премиера е најавена за 29 декември годинава. Во меѓувреме, стриминг платформата „Disney+“ најави и сосема нов документарен филм за овој лик, како и нови дополнителни содржини што се очекуваат да бидат објавени на официјалниот Ден на Дизни+, на 12 ноември.

 

„Дизни+“ ги откри деталите што ги чуваше во тајност

Помеѓу деталите што „Дизни+“ ги чуваше во тајност беше и името на специјалниот документарен филм за Боба Фет, за кој сега дознаваме дека ќе биде именуван „Under he Helmet: The Legacy of Boba Fett“. Според изјавите на стриминг платформата и „Lucasfilm“, документарецот има за цел да ја одведе публиката зад кулисите на создавањето и развојот на ликот на Боба Фет низ годините, а со тоа да го прослави неговото потекло и наследство.

Се очекува документарниот филм да биде солидна подготовка за серијата за Боба Фет, најавена во финалето на 2-та сезона на „Mandalorian“. Како и „Mandalorian“, така и „Under he Helmet: The Legacy of Boba Fett“ е проект на Џон Фавро и Дејв Филони, но овојпат тие ги здружуваат силите со Роберт Родригез. Родригез беше режисер на епизодата посветена на Боба Фет во последната сезона на „Mandalorian“.

 

Стриминг платформата најави повеќе возбудливи наслови

За вториот роденден на „Disney+“, платформата објави трејлер преку кој, покрај документарецот за Боба Фет, најави и дополнителни наслови.

Меѓу нив се најдоа „Jungle Cruise“, „Shang-Chi and The Legend of The Ten Rings“, најновото рестартирање на филмот „Home Alone“„Home Sweet Home Alone“, како и неколку краткометражни анимирани филмови, вклучувајќи ги „Olaf Presents“, „Paperman“, „Frozen Fever“, „Feast“, „Get a Horse“, и „Ciao Alberto“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија: Млад боксер почина бидејќи судијата не го прекинал мечот на време

Следно

Видео: Ленче Нелоска е новата претседателка на Советот на општина Ѓорче Петров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian