Шведска на пат да ја добие првата премиерка на земјата

1 min read

Шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон се приближува до премиерската позиција и би можела да стане првата жена на чело на шведската влада, откако беше избрана за претседател на владејачката Социјалдемократска партија, пренесува Еуроњуз.

За да дојде на чело на земјата, ќе ѝ биде потребна поддршка од парламентот за да ја преземе функција од Стефан Лофвен, кој сака да се повлече пред парламентарните избори во септември 2022-та година.

Малцинската влада на Лофвен едвај се одржува откако дојде на власт во 2014-та година, така што доаѓањето на Андерсон во Сагер Палас, официјалната резиденција на премиерот, е неизвесно.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен/ Фото Архива на Слободен Печат

Соседна Норвешка ја доби својата прва премиерка пред 40 години

Таа мора да биде поддржана од Зелените, коалициониот партнер на социјалдемократите, како и левицата и центарот, кои се надвор од владејачката коалиција, но генерално ги поддржуваат предлозите на владата.

Соседна Норвешка ја доби својата прва премиерка пред 40 години. Многумина во земјата се лути што Шведска, која важи за една од најуспешните во светот кога станува збор за родовата еднаквост и која се фали дека води „феминистичка“ или мирна надворешна политика, не го следела примерот на Осло.

Андерсон (54) ќе стане премиерка ако не биде одбиена од мнозинството во парламентот, веројатно подоцна во ноември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Меколи Калкин во нова манекенска улога: Ѕвездата од „Сам Дома“ зачекори на пистата на „Гучи“

Следно

Петковски: Немаше потреба за оставка на премиерот Зоран Заев, станува збор за локални избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian