Што прави денеска – Милена Антовска Станковска, ТВ-водителка и новинарка

2 mins read

По подолго време не треба да станувам премногу рано затоа што од пред еден месец сум дома на пoродилно боледување. Буквално уживам во бременоста и во времето поминато со Лана Марија. Секако, навика си е навика, па не можам да спијам до доцна, во 07:30 или 08:00 сум веќе станата и денот започнува за мене.

Фото: Приватна архива

 

Сѐ уште ја негувам навиката штом отворам очи да појадувам, а веднаш потоа го пијам утринското кафе. Потоа, се буди Лана Марија и активностите започнуваат во зависност од временските услови. Ако е сончево, без двоумење излегуваме надвор за да ги искористиме есенските сончеви зраци, а ако врне, наоѓаме занимации дома. Таа сега е во фаза на пишување, цртање и боење, па ѝ помагам колку што можам, иако повеќе ја оставам сама за да може да си ја изрази креативноста.

Со оглед на тоа дека оваа бременост ми е малку потешка од првата, не можам и не смеам многу да се изморувам, па колку што можам се одморам, иако ме чекаат и домашните обврски. Секако, имам помош од моите најблиски, од моето семејство, но јас сум тип на човек што помош бара кога навистина веќе не може сам да направи нешто. До последни сили се трудам сѐ сама да постигнам, што можеби не е добро, особено во блажена состојба, но што да правам – тоа сум јас.

Моите најблиски знаат дека ако ги побарам за помош околу ќерка ми или за нешто околу домот, дека навистина не можам сама да постигнам сѐ.

Фото: Приватна архива

Попладне кога сопругот ќе дојде од работа, сите тројца поминуваме време заедно, без разлика дали ќе прошетаме некаде или ќе се заиграме дома.

Генерално, периодов сериозно си го посветив на себе, на мојата ќерка, на мојот сопруг и на бебето што го чекаме. Одморам и психички и физички колку што можам, затоа што овој период навистина тоа ми требаше. Денот ни завршува некаде околу 21.00 часот со читање приказни пред спиење. Ова се скапоцени мигови за мене, затоа што кога децата ќе пораснат и ќе тргнат по својот пат, овие времиња ќе бидат само драги спомени по кои вечно ќе копнееме.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

На социјалните мрежи се шпекулира дека Ердоган добил мозочен удар, официјални лица демнатираат

Следно

Генералка- акција во скопски Расадник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian