Селмани: Kоалициските партии ќе го почитуваат договорот 100 дена премиер Албанец

1 min read

По најавата на Зоран Заев дека ќе се повлече и од премиерската функција и од челната позиција на СДСМ, партнерите во владејачката коалиција, вклучително и ДУИ, изјавија дека Заев треба да продолжи да управува со владата бидејќи земјата ја очекуваат големи политички и економски процеси. Но, инсистирањето на најголемиот партнер во коалицијата – ДУИ во јавноста беше коментирано како причина дека доколку Заев си замине, нејзиниот проект 100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори може да пропадне.

Политичкиот аналитичар Имер Селмани вели дека договорите треба да се почитуваат, во спротивно нема да имаат смисла.

„Верувам дека коалициските партии ќе го почитуваат договорот што се однесува до премиерот во последните 100 дена, иако со оставката на премиерот Зоран Заев се добива впечаток дека е прекршен дел од договорот, голема долгорочна загуба за СДСМ. Доколку не се придржува до самиот договор, пред сите можни партнери, идни коалиции и меѓународни пријатели ќе даде порака дека е несериозна партија која не исполнува своите ветувања“, изјави Селмани за „Слободен печат“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Путин сакаше Русија да стане членка на НАТО ?

Следно

Рибери: Јас и Робен бевме подобри од Роналдо и Меси, но поради Ел Класико тие ги освојуваа наградите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian