Се средува пешачката патека кај насипот во Ѓорче Петров, новиот градоначалник Стојкоски на терен

1 min read

Новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска излезе на терен каде започнаа акциите за чиста општина. 

-Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот! Екипите на Ѓорче се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место, бидејќи го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби, вели Стојкоски. 

Тој рече дека нивната цел е граѓаните да бидат задоволни од изгледот на пешачката патека, која, како што рече, треба и мора да биде функциoнално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваме слободното време, ќе муабетиме, ќе разменуваме идеи, ќе се рекреираме.

-Свесен сум и за проблемот со осветлувањето. Веднаш стапив во контакт и со службите во Град Скопје. Добив ветување дека во најкус можен рок ќе се реши и овој недостаток на пешачката патека кај насипот, додаде градоначалникот на Ѓорче Петров. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Ноември е месецот посветен на подигнување на свеста за машкото здравје

Следно

Американски борбен брод вплови во Црното море, руската морнарица го следи неговото движење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian