Сакате да го намалите високиот крвен притисок? Седум намирници кои природно ги чистат крвните садови

3 mins read

Ако сакате да го зачувате здравјето на срцето, постојат многу производи кои ќе ги отзатнат артериите, ќе го намалат крвниот притисок и ќе ја редуцираат можноста за воспаление. Повеќето производи на листата содржат здрави маснотии, антиоксиданти, го поттикнуваат лачењето на хормоните и апсорпцијата на нутриентите.

Не треба да се грижите за здравјето на срцето со овие производи:

1. Аспарагус. Ова е еден од најдобрите производи за чистење на артериите, бидејќи содржи многу минерали, влакна и витамини. Ќе го намали крвниот притисок и ќе го спречи настанувањето на плакот кој може да доведе до сериозни проблеми.

2. Авокадо. Во 100 г авокадо се наоѓаат 14 отсто од дневната препорачана количина на калиум. Внесот на препорачаната дневна количина калиум е важен за намалувањето на крвниот притисок, а со самото тоа се намалува и ризикот од срцев удар. Авокадото може да го намали нивото на триглицериди и холестерол, што значи дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Токму кај овие заболувања авокадото дејствува превентивно. Драстично го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ), а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ), до 11 отсто, а го редуцира нивото на триглицеридите до дури 20 отсто.

3. Брокула. Преполна е со витаминот К кој спречува калцификација на артериите, а поради антиоксидантите кои ги содржи ја превенира оксидацијата на ЛДЛ холестеролот кој може да доведе до потешки срцеви заболувања. Влакната од брокулата го регулираат крвниот притисок.

4. Чиа семки. Повеќето масни киселини кои ги наоѓаме во чиа семките се здрави, незаситени масни киселини, со над 50 отсто удел на омега-3 масните киселини. Редовниот внес на омега-3 масните киселини е поврзан со намалениот ризик од развој на кардиваскуларните болести. Чиа семките се богати со минерали кои во телото функционираат како електролити, и учествуваат во правилното работење на мускулниот систем и срцевите функции. Чиа семките се особено богати со магнезиум (335 мг/100 г чиа семки) и со умерена количина на калиум.

5. Цимет. Покрај фактот дека ја поттикнува делотворноста на инсулинот, циметот има антиоксидативни, антибактериски, антивоспалителни и својства против ракот. Покрај тоа, може да го намали крвниот притисок, холестеролот, па и количината на телесните масти.

6. Кокосово масло. Девственото студено пресувано кокосово масло го намалува холестеролот и го редуцира ризикот од болестите на крвните садови, бидејќи тие заситени масти го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Но, некои стручњаци не препорачуваат секојдневно консумирање на кокосовото масло во исхраната, бидејќи неговото прекумерно консумирање го поттикнува создавањето на холестеролот во нашиот организам.

7. Зелен чај. Редовното консумирање на зелениот чај го намалува ризикот од инфаркт и болестите на циркулаторниот систем. Оваа напивка може да го намали холестеролот, но се чини дека нема влијание на крвниот притисок.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Кирацовски: Тешко ќе биде да се најде замена за Заев, во партијата влегоа луѓе од лукративни причини

Следно

Стефковски по повод јубилејот на Гази Баба: Највувам нов почеток, да се обединиме!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian