Баерн Минхен доминира во германскиот фудбал, 15 пати триумфира во Бундеслигата во последните 20 сезони, а повеќе од една деценија главни ѕвезди беа Френк Рибери и Арјен Робен.
Популарното дуо „Робери“ беа најзаслужни за триумфот на Баерн Минхен во Лигата на шампионите во 2013 година кога во финалето ја совладаа Борусија Дортмунд со 2:1, а одлучувачкиот гол го постигна токму Робен. Згора на тоа заедно освоија осум шампионски титули во Бундеслигата.
Голем број фудбалски фанови се чудат како ниту Робен ниту Рибери, но и Весли Снајдер никогаш не ја освоија Златната топка. Тогаш наградите беа резервирани за Кристијано Роналдо и Лионел Меси иако не освојуваа големи трофеи со своите екипи или репрезентации.
Рибери верува дека тој и Арјен Робен во еден момент беа подобри и од Меси и од Роналдо, но смета дека одлучувачки момент за наградата да отиде во рацете на Меси или Роналдо бидејќи беа попопуларни и беа дел од Ел Класико. Меси настапуваше за Барселона, додека Роналдо беше прва ѕвезда на Реал Мадрид.
– Искрено мислам дека јас и Робен во еден момент бевме подобри од Меси и Роналдо. Сепак, тие тогаш беа главни ѕвезди на Ел Класико и практично еден мосец поради тоа навивачите ги гледаа повеќе од нас останатите. Тоа беше пресудно на крајот наградите да заминат во нивни раце – изјави Рибери.
Французинот дури 12 години, од 2007 до 2019 година настапуваше за Баерн Минхен, додека Робен го носеше дресот на баварскиот тим од 2009 до 2019 година.