Путин сакаше Русија да стане членка на НАТО ?

2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин имаше желба Русија да влезе во НАТО, но не сакаше неговата земја да помине низ вообичаениот процес на аплицирање и да се усогласи „со многу земји кои немаат такво значење“, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.


Робертсон кој беше на функцијата генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, рече дека на првиот состанок, Путин јасно му кажал дека сака Русија да биде дел од Западна Европа.

„Властите во Москва сакаа да бидат дел од тој сигурен, стабилен, просперитетен Запад на кој Русија не му припаѓаше во тоа време“, изјави Робертсон.

Робертсон јасно се сеќава на средбата што ја имаше со Путин, кој е претседател на Русија уште од 2000 година.

– Путин не праша : Кога ќе не поканите во НАТО?, а јас одговорив: Па, ние не ги каниме луѓето да влезат во НАТО, тие аплицираат за членство. Путин рече: „Па, ние не сакаме да стоиме во редот со многу од државите кои ја немаат нашата големина и нашето значење “, ја пренесува изјавата на Путин, Робертсон.

Британскиот весник „Гардијан“ потсетува дека Путин пред нешто повеќе од 21 година изјавил дека има амбиции неговата земја да биде во НАТО и дека не ја исклучува таа опција.

Владимир Путин, знаме на НАТО / Фото: EPA-EFE/

Сепак услов за тоа секако би бил ставовите на Русија се земат предвид како ставови на рамноправен партнер“, рече тогаш Путин за кого, како што тогаш изјави, е тешко да го замисли НАТО како непријател.

– Русија е дел од европската култура. И не можам да ја замислам сопствената земја во изолација од Европа и она што често го нарекуваме цивилизиран свет – рекол тогаш Путин, а пренесува „Гардијан“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генералка- акција во скопски Расадник

Следно

Селмани: Kоалициските партии ќе го почитуваат договорот 100 дена премиер Албанец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian