Петковски: Немаше потреба за оставка на премиерот Зоран Заев, станува збор за локални избори

1 min read

Јас ја застапувам тезата дека немаше потреба за оставка на премиерот Зоран Заев. Станува збор за локални избори и тоа е друго ниво од парламентарните, рече претседателот на НСДП, Тито Петковски во емисијата „Само интервју“.

-Не може да се изгуби кредибилитетот само за една година. Сепак, тој е жртва на несвојствената кампања за локални избори. И тој и Мицкоски наметнаа како да станува збор за да се биде или не. Заев постави високо ниво за прескокнување, во однос на освојувањето на Скопје, рече Петковски.

Петковски смета дека оваа влада може да издржи уште 2,5 години до крајот на мандатот, доколку структурата остане иста.

-Владата е стабилна. Доколку опозицијата смета дека нема простор за консолидација, тогаш нека предложи да се гласа за доверба и ќе биде јасно за три дена. Не се во состојба да се обезбеди тоа. За една година не се троши кредибилитетот на владата. Еве на пример, ако идеме на предвремени избори и опозицијата изгуби, дали треба да ги повториме и локалните избори. Мора да се прави разлика. Оваа влада не го изгуби кредибилитетот со оставката на премиерот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шведска на пат да ја добие првата премиерка на земјата

Следно

Скандал: Најдобрата кинеска тенисерка обвини поранешен заменик премиер за силување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian