Од брод во водите на Ла Манш спасени повеќе од 400 мигранти, едно лице настрадало и едно е исчезнато

1 min read

Едно лице загина, а едно се води за исчезнато откако француски патролен брод успеал од брод во водите на каналот Ла Манш да спасат повеќе од 400 мигранти кои се обиделе да стигнат до англискиот брег, соопштија денеска локалните власти на северот на Франција.

– Спасени се повеќе од 400 лица… За жал, и покрај сите мерки, едно лице исчезна, а другото е прогласено за мртво, се наведува во соопштението на поморската полиција.

Спасувачката операција во Ла Манш почнала во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Бродот на француската морнарица во неколку наврати ги враќал мигрантите на брегот кај Данкерк.

Според локалните власти, од 1 јануари до 31 август околу 15.400 луѓе се обиделе илегално да го преминат каналот Ла Манш.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицотакис: Договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Следно

ВИДЕО | Кирацовски: Тешко ќе биде да се најде замена за Заев, во партијата влегоа луѓе од лукративни причини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian