Модернистичко ремек-дело сместено во простор за живеење – Алиша Кис и Свиз Битс ги отворија вратите од својот новоуреден дом

4 mins read

Алиша Кис и Свиз Битз го создадоа својот „дом од соништата“. Како двојка со неверојатно пријатна взаемна вибрација, славната пејачка и музичкиот продуцент успеале да искреираат нивен сопствен модернистички замок, архитектонско чудо кое првично било познато како „Razor House“.

Тоа е куќа сместена на карпа во Ла Јола, Калифорнија, резиденција од речиси 11 илјади квадратни метри со неверојатен поглед на Тихиот Океан, и местото кое двојката и нивните две деца, Египет и Генесис го нарекуваат нивни дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇬🇧| 🇺🇸 (@flystr8thoughts)

Свиз Битс, продуцентот со вистинско име Касим Дин, се шегува дека верува дека суптилно ја манифестирал неговата желба да го има овој имот, поставувајќи го како позадина на неговиот телефон уште пред осум години.Но, сосема логично, не верувал дека „ортодоксната њујорчанка“ Кис ќе се придвижи во иста насока.

„Таа е Мис Њујорк! Тие би можеле и да направат скулптура од неа, новата Статуа на слободата“, се шегува Битз.

Но, по внимателно разгледување на имотот, Кис се претопила во идејата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🇬🇧| 🇺🇸 (@flystr8thoughts)

Изградена во 2007 година, куќата има конзолна конструкција со стакло од подот до таван, бел бетон, дворови и пловечки скали Кога станува збор за изведување на нивен ентериер при нивната преселба во 2019 година, Дин ја најмил дизајнерката на ентериер Кели Бехун преку Инстаграм, во обид да го направи домот комфорен за семејството, и покрај острите рабови и футуристичката атмосфера.

„Има многу дизајнери кои знаат како да стават скапи работи во вашата куќа, но душата недостасува. Кели има душа“, рече тој.

Исполнет со скулптура и уметност, домот самиот наликува на уметничко дело.

Кружната дневна соба, која од ѕидот на прозорците гледа на карпите и брегот, е исполнета со кадифени каучи и кружен свилен килим. Официјалната трпезарија продолжува во дневната соба каде што тафтуваниот пресечен тросед обвиен во кадифе е сместен зад масичката за кафе извајана од стебло од дрвото Албизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RAPRNB Le Mag (@raprnblemag)

Продолжува со чисти, лебдечки скалила што го заокружуваат едниот крај од кружната дневна соба. Горе, во библиотеката т.е. собата за пијано е домот на пијаниното од марката „Steinway & Sons“, кое беше прво на Кис, подарено од нејзината издавачка куќа која ја потпиша на 16-годишна возраст, на кој сега вежба синот Египет.

На истиот кат е примарната спална соба, која има сличен стаклен ѕид. Пред него има пар винтејџ столчиња кои создаваат пријатно место за релаксација. Има и гостински дел со поглед на базенот и океанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie Nelson (@jessienelsonstudio)

Еден од најуникатните простори во домот е подземната гаража и соседниот салон, во кој има три Ферари и студио за снимање.

„Не ја нарекувам „машко дувло“ бидејќи јас и мојата сопруга подеднакво го делиме просторот. Но го нарекуваме делот на возрасните“, надополни Дин.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига на Европа: Динамо сигурен против Рапид, пораз на Црвена звезда во Белград

Следно

Хорор во Казахстан: Малолетничка киднапирана и силувана од 17 мажи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian