Хорор во Казахстан: Малолетничка киднапирана и силувана од 17 мажи

2 mins read

Седумнаесетгодишна девојка наводно била киднапирана и групно силувана од 17 мажи во текот на четири дена, откако таксист и истурил дрога во пијалокот и ја однел во „куќата на ужасите“.

Според Дејли Мејл, 17 мажи ја силувале, тепале и се заканувале дека ќе ја удават средношколката во река доколку им се спротивстави.

Девојката, идентификувана само по името Дилноз, наводно била дрогирана од таксист кој ја возел дома откако таа си купила фустан за матурската вечер.

Во еден момент таксистот наместо да ја однесе дома, се упатил во спротивен правец. Дилноз се исплашила и почнала да плаче, а таксистот и дал шише вода за да се смири. Во водата всушност имало некаков вид на дрога поради што таа се онесвестила.

„Се разбудив на брегот на реката. Бев на земја, целосно гола и опкружена со мажи. Таму ме силуваа, а потоа ме одведоа во куќата каде повторно ме силуваа и ги повикаа своите пријатели и им рекоа да дојдат бидејќи имаат девојка. Еден по еден мажите влегоа во собата каде што ме затворија. Ме тепаа и ми се закануваа дека ќе ме удават во реката доколку им се спротивставам“, раскажала девојката.

Нејзината мајка тврди дека злоставувањето траело четири дена. Мажите потоа и ја вратиле облеката на девојката и ја испратиле дома. Семејството се обратило до медиумите за помош бидејќи полицијата ништо не направила од мај кога девојчето било силувано.

„Случајот е отворен пред пет месеци. Никој не е уапсен“, рече мајката.

Полицијата сега испрашува седумнаесет мажи за силување и киднапирање. Полицијата тврди и дека мајката уништила важни докази кога ја запалила облеката во која девојчето се вратило дома.

Мајката објаснила дека ја запалила облеката „за да се ослободи од лошите спомени“, објавија локалните медиуми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Модернистичко ремек-дело сместено во простор за живеење – Алиша Кис и Свиз Битс ги отворија вратите од својот новоуреден дом

Следно

ВИДЕО: Конте дебитираше со победа на клупата на Тотенхем, Рома се спаси од пораз на „Олимпико“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian