Георгиев се огласи по шпекулациите дека би можел да седне на лидерското столче во СДСМ

1 min read

Имам должност да ги затворам сите шпекулации во врска со мој претпоставен ангажман за вклучување во активна политика или на некакво раководно место во СДСМ, објави на својот фејсбук профил поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев.

-Изминатите 7-8 години, или барем откако СДСМ е на власт, јас немам никакво учество, активитет или улога во партијата. За волја на вистината, ниту некој побарал суштински совет од мене, ниту пак биле прифаќани моите јавно искажани, и секојпат добронамерни, совети и предлози за подобро функционирање на државата. Сиве овие години, моите ставови за општествените текови јавно ги искажувам преку моите колумни, писанија, јавни настапи и проекти коишто ги работам. За некои ставови сум бил жестоко критикуван, за некои тивко поддржуван, напиша тој во својата објава.

Како што дополнува, одржува пријателски односи  си кон голем број членови, симпатизери и поддржувачи на СДСМ со кои во еден исклучително тежок период за Македонија се бореле за демократија и слобода.

 

Познавачите на партиските случувања во СДСМ велат дека ако се вратат „бранковистите“, тогаш Гордан Георгиев е најсериозен кандидат за нов лидер.

По констатирањето на оставката на Заев од лидерската позиција, во рок од 15 дена Извршниот одбор на партијата треба да распише избори. Информациите се дека ќе има повеќе кандидати за лидерската функција во партијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Надежни ветувања во Глазгов: Глобалното затоплување ќе се ограничи на 1,8 степен!

Следно

Рекордер: Вучиќ за четири години девет пати ветил дека ќе го напушти раководството на СНС

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian