Генералка- акција во скопски Расадник

1 min read

 Во населбата Расадник од утринава интензивно се работи, информираат од Општина Кисела Вода. Од таму додаваат дека во ова генерално чистење се вклучени дваесетина сезонски работници која имаат за цел да ги мијат улиците, плочниците и тротоарите.

– Се метат паднатите лисја, се врши косење на нараснатите тревни површини, се чистат мини депониите. Во оваа акција за генерално чистење, се вклучени дваесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода, кои чистат и рачно и со два камиони и цистерна, велат од Општина Кисела Вода.

– Ќе го зголемиме бројот на сезонски работници, ќе ја подобриме услугата од комуналните служби, со што ќе обезбедиме чисти улици и средени паркови, за секого и во секое време. Ќе се работи со засилено тепмо, па набрзо, нашите жители ќе имаат чиста и зелена општина, онака како што доликува, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Урбаната заедница Расадник, се вели во соопштението, е првата од населбите во Кисела Вода во која ќе се врши генерално чистење. Општина Кисела Вода најави дека преку секторот за месна самоуправа и социјална заштита во наредниот период ќе спроведе  акции по сите урбани и месни заедници. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што прави денеска – Милена Антовска Станковска, ТВ-водителка и новинарка

Следно

Путин сакаше Русија да стане членка на НАТО ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian