ФОТО | Во Германија мајка осудена на доживотен затвор поради убиството на своите пет деца

1 min read

Судот во Германија денеска ја прогласи за виновна и ја осуди на доживотен затвор 28-годишната жена поради убиството на своите пет деца во нивниот дом во Солинген во септември 2020 година.

Регионалниот суд во Вупертал во својата пресуда ја потврди посебната тежина на кривичното дело, што ќе оневозможи помилување.

Обвинителите изјавија дека мајката прво им дала лекови на децата за да ги заспијат, а потоа ги задушила. Тие сметаат дека причина за убиството е тоа што нејзиниот поранешен партнер и испратил фотографија со новата девојка, на што таа одговорила дека поради тоа никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

Шестото дете го пратила кај бабата и пред убиствата, а потоа се обидела да се самоубие скокајќи под воз, при што се здобила со тешки повреди, но не опасни по живот.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH / POOL

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Видео: Ленче Нелоска е новата претседателка на Советот на општина Ѓорче Петров

Следно

ФОТО | „Отворен Балкан“: Формирање Имплементационен совет за координирање на досега договореното

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian