ФОТО | Сопругот успешно го крие 55 години, некои дури се сомневаа дека постои, а сега објави ретка заедничка фотографија!

3 mins read

Легендарната кантри пејачка и актерка Доли Партон (75) сподели многу ретка фотографија на Инстаграм со својот сопруг Карл Томас Дин, со кого е во брак 55 години, а кој успешно го крие од јавноста.

„Најдете партнер кој ќе ви биде поддршка како што мене ми е мојот Карл!“, напишала Партон покрај објавата, која нејзините следбеници ги остави во неверување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

„Го објави Карл???“, „Карл Дин е супер згоден“, „Објавете ваша фотографија од денешни денови“, „Прекрасен пар сте“, „Па ова е вистинска реткост“, „Каква љубовна приказна“ , „Ова досега не сум го видела, премногу сте слатки“, „Прекрасен ти е сопругот“, се дел од коментарите што ги добила.

Доли и Карл заедно се вкупно 57 години и тој успешно го избегнува вниманието на јавноста во тој период, поради што многумина се шегуваат дека не постои, а ретко кој знае како изгледа.

Пејачката зборуваше за нејзиниот приватен живот во подкастот „Tablle Manners“ на Џеси Вер.

„Мојот сопруг и јас сме заедно 57 години, во брак сме 55 години и мене ми се лоши од него, а сигурен сум дека и нему од мене“, се пошегувала Партон.

Karl Tomas Din

Фото: Профимедиа

Карл ретко се појавува со Доли на настани за да ја задржи приватноста. Пејачката претходно призна дека тој само еднаш ја видел во живо на сцена.

„Многу луѓе во текот на годините мислеа дека сум го измислила сопругот бидејќи тој едноставно не сака да биде под светлото од рефлекторите. Тој е таков, резервиран е и мисли дека никогаш не би имал мир доколку медиумски се експонираше“, раскажала Партон.

Доли и Карл немаат деца, а таа своевремено рекла дека размислувале за родителство.

„Кога штотуку се венчавме, разговаравме за тоа како би изгледале нашите деца, ако е девојче дали ќе биде високо како него или ниско како мене? Ако добиевме девојче, ќе се викаше Карла“, рекла Доли Партон.

Но, со текот на времето сфатиле дека не им е судено.

– На некој начин ни е мило. Мислам дека би била одлична мајка. Веројатно би сè откажала од сè за децата бидејќи би се чувствувала виновна ако ги оставам дома и одам на турнеи. Сè би се променило. Веројатно никогаш не би била ѕвезда, па можеби и добро е што излезе вака – заклучила Доли.

Во 2016 година парот ги обнови заветите на 50-годишнината од бракот.

Instagram

Фото: Инстаграм

Инаку, Доли Партон е позната по својата хуманитарна работа. Во април 2020 Доли Партон изјави дека ќе донира еден милион американски долари на Универзитетот Вандербилт за истражување на лек за коронавирусот. Повеќе од седум месеци подоцна, беше откриено дека донацијата на легендарната кантри пејачка ќе биде пренасочена во финансирање на вакцината „Модерна“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Додик ретерира во ставовите, тврди дека нема намера да ја дестабилизира БиХ

Следно

Кражба во казино во Скопје, крадците со закана одзеле пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian