ФОТО: Меси го продава апартманот во Мајами само седум месеци откако за истиот искешира седум милиони долари

1 min read

Потенцијалниот трансфер на Лионел Меси во МЛС лигата и тоа во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами е доведен во прашање откако Аргентинецот го стави на продажба луксузниот апартаман.

Меси за апартманот кој го купи во април годинава и тоа додека беше фудбалер на Барселона, бара 5.7 милиони фунти, односно 6.76 милиони евра.

Апартманот има 511 квадратни метри/фото: REGALIA MIAMI CONDOS

Апартманот има 511 квадратни метри внатрешен простор и балконите кои имаат дури 195 квадратни метри.

Апартманот се наоѓа на неколку километри од познатата Мајами бич/фото: REGALIA MIAMI CONDOS

Самата зграда има дури шест базени, фитнес центар, студио за јога, игротека за деца, ексклузивен подрум за вино….

Аргентинецот има уште апартман во Мајами/ фото: REGALIA MIAMI CONDOS

Сепак, шесткратниот освојувач на златната топка сè уште поседува имот во Мајами, тој има апартман познатата зграда „Porsche Design Tower“ кој го купи во 2019 година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Отворен Балкан“: Формирање Имплементационен совет за координирање на досега договореното

Следно

ФОТО | Mајли Сајрус „полуде“ по Дамианo од „Манескин“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian