ФОТО | Kој го „врти“ Петар Грашо: Данијела Мартиновиќ успеа да го пронајде мирот во себе па се обрати до фановите

2 mins read

Петар Грашо и сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ беа еден од најубавите хрватски парови. И додека тој сега ужива во новата љубовна врска со младата Хана Хуљиќ, Данијела Мартиновиќ реши да раскине со минатото.

Откако Петар Грашо официјално се појави со новата девојка во јавност, на неговиот профил нема ниту една фотографија со Данијела, освен една од 2017та година, каде позираат со Северина.


Иако до неодамна на својот инстаграм – профил и пејачката имаше фотографии со кои позира со сега веќе поранешното момче Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ ги избриша сите фотографии. Освен тоа, таа веќе го отследи од сите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)

Но, тоа е најмалку важно бидејќи Данијела е среќна и исполнета жена. Пејачката вчера сподели фотографија на која е насмеана „од 8мица до 8мица“ со многу важна порака:

Се сфаќаме премногу сериозно… Сфатив дека единственото нешто што е важно е да сме мирни во себе, да и даваме на друга личност, суштество, малку внимание, насмевка, убав збор затоа што токмѕ тие мали моменти го прават животот среќен. Ваша Даниела, стои во описот на објавата на пејачката.

Веруваме дека наскоро и Данијела ќе ја видиме со партнер кој ќе и ја оддржи насмевката на лицето.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Евролига: Црвена звезда го понижи Панатинаикос

Следно

Серверите на „Фортнајт“ се гасат во Кина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian