Кога влегувате во дворот на Велика Зуламоска во Кривогаштани, имате чувство дека сте во рај, цветен рај, кој ви нуди и топлина, и љубов, и можете со часови да уживате во убавите глетки. Ако минете покрај куќата; Величе веднаш ќе ви посака топло добредојде и многу веројатно ќе ви подари хризантема.
Велика живее во Кривогаштани, таа е горда мајка која покрај трите ќерки никогаш не е ни сама ни осамена.
Ако поминете покрај нејзината куќа ќе помислите дека за дворот се грижат неколкумина млади луѓе, но не е така. За дворот да изгледа ваков, прекрасен, се грижи сама 73 годишната жена. Откако е во пензија таа целото свое време го посветува на куќата и на оваа убавина.
– Почнувам од сабајле и нема крај на работата во дворот, ни признава нашата цветна дама. Со часови останувам со цвеќињата и со љубов се грижам за секое од нив.
Велика има умни зборови за нас: ,,Домаќинот по дворот се познава’’, вели.
Дворот изобилува со безброј различни цвеќиња и сите се естетски наредени, по боја и според типот на цвеќето. А, тука се и саксиите кои дополнително го красат просторот, со најразновидно цвеќе…
Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk