Евролига: Црвена звезда го понижи Панатинаикос

1 min read

Кошаркарите на Црвена звезда во осмото коло во Евролигата остварија убедлив триумф над Панатинаикос со неверојатни 33 поени разлика, 81:48.

„Црвено-белите“ со убедливиот триумф од 33 поени ја прекинаа серијата од четири порази во Евролигата и сега имаат скор од три победи и пет порази, додека Панатинаикос има два триумфи и дури шест порази.

Домашниот тим носен од навивачите во салата „Пионир“ доминираше во текот на сите 40 минути, а убедливиот триумф беше најавен уште по првата четвртина која заврши со 21:8.
За тоа колку беа доминантни „црвено-белите“ најдобро покажува тоа што Панатинаикос само во воведните минути од втората четвртина имаа едноцифрен минус, по што кошаркарите на Црвена звезда направија серија од 12:2 и единствено прашање до крајот беше со колкава разлика ќе слави домашниот тим.

Најдобар кај „црвено-белите“ беше Волтер со 18 поен и, додека кај Панатинаикос се истакна Мејкон со 15 постигнати поени.

Фенербахче со победата од 91:82 на гостувањето кај ЦСКА Москва ја прекина серијата од три порази, додека рускиот тим го доживеа токму третиот пораз по ред.
Нандо де Коло го предводеше Фенербахче со 18 поени, додека Јан Весели постигна еден поен помалку. Кај рускиот тим најрасположен за игра беше Клајбурн кој имаше учинок од 24 поени и осум скокови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Халили: Граѓаните нема да гласаат на наредните избори за Мицкоски поради прифаќањето на „Северна“

Следно

ФОТО | Kој го „врти“ Петар Грашо: Данијела Мартиновиќ успеа да го пронајде мирот во себе па се обрати до фановите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian